Фото: Маја Јаневска-Илиева

Тре­ти­от ден од фи­на­ле­то на гранс­лем-тур­ни­рот во сло­бо­ден (Фи­ше­ров) шах во Кејп­та­ун (Јуж­на Афри­ка) ги одре­ди за­врш­ни­те ду­е­ли, па, та­ка, Нор­ве­жа­не­цот Маг­нус Карл­сен и Аме­ри­ка­не­цот Ле­вон Аро­ни­јан се пла­си­раа во фи­на­ле­то на пос­лед­ни­от тур­нир од го­ди­наш­на­та се­ри­ја, отка­ко по­бе­ди­ја во по­лу­фи­нал­ни­те ду­е­ли. Уз­бе­ки­ста­не­цот Ја­во­кир Син­да­ров и Гер­ма­не­цот Вин­сент Кеј­мер ќе се бо­рат за тре­то­то ме­сто, Аме­ри­ка­не­цот Фа­би­ја­но Ка­ру­а­на и Ин­ди­е­цот Ар­џун Ери­га­и­си ќе игра­ат за пет­та­та по­зи­ци­ја, а за сед­мо­то ме­сто ќе се срет­нат Ира­не­цот Пар­хам Ма­гсуд­лу и Аме­ри­ка­не­цот Ханс Ни­ман.

Карл­сен се пла­си­ра во фи­на­ле­то по тес­на­та по­бе­да со 2,5-1,5 на ду­е­лот со Син­да­ров, по воз­буд­ли­ви­те две тај­брејк-пар­тии (пет ми­ну­ти, плус две се­кун­ди). Нор­ве­жа­не­цот ја до­би пр­ва­та (со тем­по 30 ми­ну­ти, плус 15 се­кун­ди), но Син­да­ров го израм­ни ре­зул­та­тот во вто­ра­та. Карл­сен го вра­ти водс­тво­то во пр­ва­та тај­брејк-пар­ти­ја, но Син­да­ров израм­ни. А Нор­ве­жа­не­цот на кра­јот, се­пак, ја из­бег­на по­тре­ба­та од од­лу­чу­вач­ка­та ар­ма­ге­дон-пар­ти­ја, до­би­вај­ќи ја пет­та­та пар­ти­ја, а со тоа и ме­чот со 2,5-1,5. Аро­ни­јан, пак, го по­бе­ди Кеј­мер со 3-1.

Со плас­ма­нот во по­лу­фи­на­ле­то, на Карл­сен и ма­те­ма­тич­ки му се га­ран­ти­ра ти­ту­ла­та на гранс­лем-тур­не­ја­та за 2025 го­ди­на, оти ни­ту еден друг ша­хист не мо­же да го до­стиг­не не­го­ви­от вку­пен број по­е­ни. Г.И.