- Инспекциите излегоа на терен, направија увид и, се разбира, изрекоа казни: една за операторот со храна, една за училиштето. И тука започнува најголемата небулоза. Кого всушност казнуваме? Казна за училиштето значи дека истата таа ќе се плати од буџетот на училиштето. А буџетот од каде доаѓа? Од нас, граѓаните. Вклучително и од родителите чии деца се затруја. Со плаќање на казната од буџетот на училиштето, истото тоа ќе има помал буџет за наставни материјали, за активности, за услови – и повторно, единствените што ќе трпат се – нашите деца
Којзнае по кој пат ќе го повторам истото: без лична одговорност – нема да има ред, нема да има почитување на позитивните правни прописи, а со сето тоа – нема владеење на правото и правна, функционална држава!
Последниот пример што го видовме деновиве е само нова потврда на еден длабок системски апсурд. Во скопско основно училиште децата се затруја од храна што ја јаделе во самиот објект. Инспекциите излегоа на терен, направија увид и, се разбира, изрекоа казни: една за операторот со храна, една за училиштето. И тука започнува најголемата небулоза. Кого всушност казнуваме?
Казна за училиштето значи дека истата таа ќе се плати од буџетот на училиштето.
А буџетот од каде доаѓа? Од нас, граѓаните. Од родителите чии деца се затруја.
Со тоа, училиштето ќе има помал буџет за наставни материјали, за активности, за услови – и повторно, единствените што ќе трпат се нашите деца. Директорот? Раководителите? Одговорните лица? Не плаќаат ништо. Не чувствуваат ништо. И немаат ниту еден ден последица. Идентично или во најголем дел слично е и со институциите. Граѓаните тужат институции за неправилности, за штета, за злоупотреби. Ги добиваат тужбите – и повторно, пресудите се плаќаат од истите тие граѓани, преку буџетот на институцијата.
Тоа е како да ви украдат пари од паричникот, да го тужите лицето што ви ги украло – и на крајот повторно вие сами да му ги платите. Апсурд!
Одговорноста и корупцијата се обратнопропорционални општествени феномени
Кога ниеден директор, ниеден раководител, ниеден службеник нема да плати од сопствен џеб, нема да изгуби позиција, нема да одговара лично – зошто би се плашел од последиците? Зошто би работел подобро? Зошто би ги штител безбедноста, здравјето и правата на граѓаните? Санкциите кога ги плаќа народот – не се санкции, туку само административна формалност. А таму каде што нема одговорност, каде што нема казнивост, расте самоволието. Расте немарноста. Расте корупцијата. Значи, најдобронамерно констатирам и се обидувам да дијагностицирам системски фелери. Неопходно е да се реструктурираме и во овој дел: додека во Македонија не постои јасен принцип дека секој директор, секој функционер, секој што врши јавна функција одговара со сопствени последици за сопствени грешки, нема да има ниту ред, ниту да завладее правото, ниту да се изгради правната држава. А најмногу ќе страдаат оние што најмалку заслужуваат – граѓаните и нашите деца. Да мислиме и да дејствуваме – ова во блиска иднина да го исправиме.
„Реформи“ без реформа: Кога шоферот останува ист, автобусот продолжува во иста насока
Ајде да отворам дискусија за уште еден аспект на личната одговорност.
Во мојот претходен текст јасно предупредив дека партија што не ја признава сопствената грешка, туку ја пенкалира како успех, ќе пропаѓа уште подлабоко. Потегот на врхушката на СДСМ го потврдува тоа. Наместо разидување и расчистување со блиското минато и со идентитетско-самоубиствените политики и носителите на таквите политики, СДСМ се обидува да го препакува истото минато во нова амбалажа. Ова е исклучително опасно за идеолошката матрица на партијата. Зошто? Затоа што со оваа структура, СДСМ испраќа порака дека нема намера да ја напушти политиката што ја распродаде државата, нема намера да признае дека направи историски грешки, нема намера да отвори простор за искрена самокритика…
СДСМ нема намера да постави нов човек што може да каже: „Да, погрешивме. Да, тоа направи штета. Не, нема да го повториме“. Сè што гледаме е одбрана на старото преку жртвување на сите околу лидерот – само тој да остане недопрен.
Ако веќе СДСМ сакаше да покаже морал, тогаш моралниот чин беше само еден:
оставка на претседателот. Негова лична и персонална одговорност!
Тој е ‘рбетот на партијата, лице на политиката, на реториката, на договорите, на грешките и на последиците. Наместо тоа, тој останува ист, со истите ставови, со истиот наратив и со истата политичка насока?! Тоа не е реформа. Тоа е осигурување на континуитет. Континуитет на погрешни, би рекол и на национално-предавнички политики
Ако веќе СДСМ сакаше да покаже морал, тогаш моралниот чин беше само еден:
оставка на претседателот. Негова лична и персонална одговорност! Тој е ’рбетот на партијата, лице на политиката, на реториката, на договорите, на грешките и на последиците. Наместо тоа, тој останува ист, со истите ставови, со истиот наратив и со истата политичка насока?! Тоа не е реформа. Тоа е осигурување на континуитетот.Континуитет на погрешни, би рекол и на национално-предавнички политики.
Во СДСМ се одигра политичка претстава што личи на реформи, но нема врска со реформи. Сите раководни органи поднесоа оставка по налог на претседателот Венко Филипче. Однадвор – драматичен потег. Внатрешно – рутина за спасување на фотелјата. Ова е класичен политички трик: се менува сè, освен она што треба и мора да се смени. Може да се промени целиот автобус полн со „патници“, може да се извадат сите седишта, сите прозорци, целата каросерија… Но ако шоферот остане истиот, автобусот ќе продолжи по истиот пат – право во истата бездна, каде што СДСМ веќе одамна почна да паѓа.
И тоа е суштината: СДСМ не сака да ја поправи грешката – сака да ја скрие! Замислете, сменети се тие што немаат вина – остана оној што ја има. Оставка поднеле луѓе што не преговараа за промена на името, не го составуваа договорот со Бугарија, не ја водеа политиката што ја урна партијата на избори, не ја поделија сопствената база, не ја загубија довербата на половина нација… А останува единствениот човек што и ден-денес ја брани таа политика. Останува „мозокот“ на линијата што ги разгради партијата и државата. Ова не е реформа. Ова е политичка автосаботажа.
Денес СДСМ не направи исчекор. Направи чекор назад. Наместо да го пресече со минатото, партијата го цементира лидерот што е симбол на тоа минато. И затоа не е прашање дали ќе продолжат да тонат. Прашањето е само – колку подлабоко.
Избегнувањето на одговорноста е показател за тоа!


































