Тостот има поинаква нутритивна вредност, а со тоа и големи предности. Тостирањето на лебот веќе е редовна појава во домаќинствата низ светот, но колку всушност знаеме зошто го правиме тоа. За многумина, тостирањето на лебот е најдобриот начин да се стави путер на топлиот леб. Други јадат тост затоа што ја сакаат неговата крцкава текстура. Сепак, постојат некои придобивки од тоа што го тостираме лебот.
На почетокот важно е да разбереме дека тостот има поинаква нутритивна вредност. Тостот има две големи предности кога станува збор за помош на лица со дијабетес: ги намалува гликемискиот индекс и количеството на масти во лебот, што е добро за лицата со дијабетес. За оние што имаат дијабетес или се обидуваат да ослабат, консумирањето леб може да биде контрапродуктивно. Сепак, кога користите леб во исхраната, подобро е тој да има помал гликемиски индекс (ГИ). Тоа значи дека лебот ќе има помало влијание на шеќерот во вашата крв ако јадете тостиран леб. Кога го тостирате лебот, всушност ја намалувате содржината на масти во лебот. Можеби тоа не се намалува значително, но доволно е за да направите разлика ако јадете тостиран леб секој ден. Тостот е одличен избор на храна за оние што страдаат од дијареја.
Од друга страна, кај лицата со хроничен запек не е најдобра идеја да се користи тост. Една од предностите на препечениот леб е што содржи скроб без висок гликемиски индекс. Затоа многумина го јадат на почетокот на денот, скробот помага да се разбудите и да добиете енергија потребна за сите активности во текот на денот. Тостираниот леб е добар против гадење и повраќање. Познато е дека тостираниот леб го смирува желудникот, па, доколку немате некој стомачен вирус, можете да тостирате леб премачкан со млеко и додаток на путер. Таквата мачканица на тостот ја ублажува киселината во стомакот и го смирува желудникот.


































