Судење за несреќата во дискотеката „Пулс“
Во преполна сала во судницата на КПУ Идризово утрово почна судењето за несреќата во дискотеката „Пулс“ во Кочани, во која загинаа 63 лица, а повредени се повеќе од 200 лица.
– Знам дека барем името ми го знаете тоа се врти со месеци” – вака го почна судењето судијката Диана Груевска-Илиевска по што се престави и ги кажа правилата на судењето.
Таа побара дисциплина за време на рочиштето
– Ќе имаме респект кон тагата и болката на роднините на жртвите, сите ќе имаат право да си ја кажат својата верзија на случајот и да предложат докази. Ќе бидеме транспарентни. Не можам да ветам брзина може да се направи грешка колку ќе трае судењето никој не знае, апелирам на трпение и дисциплина рече судијката. Ќе дојдеме до правдата – рече судијката во судницата.



































