Научниците открија добро зачувана нога на диносаурус, кој потекнува уште од денот на ударот на астероидот што ја избришал популацијата на диносаурусите од Земјата. Тоа се случило пред 66 милиони години. Во американската држава Северна Дакота, на наоѓалиштето Танис, беше пронајдена фосилизирана нога на диносаурус на која е зачувана дури и кожата.

Нејасно е зошто остатоците се толку добро зачувани

Научниците тврдат дека диносаурусот на кој му припаѓала пронајдената нога загинал на денот на ударот од астероидот што ја уништил популацијата на диносаурусите пред 66 милиони години. Според Би-би-си, пронајдени се многу малку остатоци во карпите врз основа на кои се проучувала оваа тема за исчезнувањето на диносаурусите. Затоа наоѓалиштата во Танис се многу посебни. Во текот на последните три години, тимот на Би-би-си поминал многу време на локалитетот Танис снимајќи документарец со сер Дејвид Атенборо. Многу од откриените примероци ќе бидат прикажани за првпат.
Претпоставка е дека главната точка на удар на астероидот, кој бил широк 12 километри, се наоѓа во Мексиканскиот Залив, местото Танис во Северна Дакота, кое е оддалечено околу 3.000 километри од заливот. Нејасно е зошто остатоците се толку добро зачувани. Се верува дека остатоците од животни и растенија во Танис биле собрани во депонија на седимент создадена од бранови на речна вода во која се наоѓале океански организми помешани со животни што населуваат копнени средини.

Научниците веруваат дека пронашле дел од самиот астероид

Тоа е затоа што есетрата пронајдена на локацијата Танис вдишала зрнца стопени карпи што биле исфрлени при ударот. Кога научниците ги испитале овие зрнца во жабрите на есетрата, откриле дека се поврзани со местото на удар во Мексико, а два примерока што беа обвиткани во смола од дрво имаа мали инклузии со вонземско потекло.
– Успеавме да ја одделиме хемијата и да го идентификуваме составот на тој материјал. Сите докази, сите хемиски податоци од таа студија силно упатуваат дека гледаме во дел од астероид што ги избришал диносаурусите од нашата планета – рече професорот од Универзитетот во Манчестер, Фил Мениг.
Лидерот на истражувањето, професорот Роберт Деплама од Универзитетот во Манчестер, истакна дека постојат толку многу детали што ни кажуваат што се случувало од момент до момент, како кога гледаме филм.
Професорот Пол Барет од Природоисторискиот музеј во Лондон рече дека станува збор за теселосаурус. Тоа е вид диносаурус што изгледал како голем гуштер.