ШАХ – ЕП ЗА МЛАДИНЦИ
По пет победи и порази и 11 ремија е епилогот во претпоследното, осмо коло на 22 македонски учесници (14 момчиња и осум девојчиња) на Европското првенство (ЕП) за младинци (до осум, 10, 12, 14, 16 и до 18 години) во Будва (Црна Гора). Цел поен освоија Ина Крумова и Софија Беловска, двете во категоријата до 10 години, Илијана Велева до 12 години, Елисавета Брнс и Никола Петровски до 14 години и Теодора Ѓорѓиеска до 16 години.
Засега најмногу поени, пет, освои Илијана Велева (1.560 рејтинг-поени, рангирана 52. пред ЕП 2025), која моментно е на 26-та позиција (има нови 47,2 рејтинг-поени и играчки перформанс од 1.773 поени). Во ова коло Велева ја победи Барбаре Шонија (1.462, рангирана 96.) од Грузија. Кај момчињата засега најмногу поени, 4,5, има Никола Петровски (1.813, рангиран 88.) и е 47. (нови 86,80 рејтинг-поени, и играчки перформанс од 2.025 поени). Тој во ова коло го надигра Ханеш Равикумар (1.999, рангиран 54.) од Данска. Од другите македонски учесници, осуммина имаат по четири поени, шестмина по 3,5, тројца по три, еден 2,5 и двајца со по два поена, а засега најуспешно е петтото коло, кога освоија вкупно 12 поени. Г.И.

































