ФОРМУЛА 1
Трката за шампионската титула во Формула 1 (Ф1) продолжува денеска (од 15 часот) во спринтот и утре (од 18 часот) во регуларната гранпри-трка во Бразил, на патеката во Сао Пауло. За годинашниот трофеј конкурираат Ландо Норис, кој досега освои 357 бода, еден повеќе од Оскар Пјастри, а актуелниот првак Макс Ферстапен има 321.
Сезонава на програмата се уште четири гранпри-трки, во Сао Пауло, Лас Вегас, Катар и во Абу Даби, како и два спринта, во Бразил и во Катар, а возачите имаат достапни уште најмногу 116 поени, по 25 поени за победа во гранпри-трка и уште по осум за победа во спринт, при што 100 поени се во игра на гранпри-трките и дополнителни 16 за спринтовите, пишува агенцијата „Асошиејтед прес“ (АП).
На оваа патека (еден круг е долг 4,309 км) во Сао Пауло, изградена во 1938 година, на парцела несоодветна за домување, првата гранпри-трка е одржана во 1973 година, рекордот за најбрзо извозен круг го постави Валтери Ботас во 2018 година, најмногу пол-позиции остварија Аиртон Сена, Мика Хакинен, Фелипе Маса, Рубенс Барикело и Луис Хамилтон, по три, а најмногу победи забележа Михаел Шумахер, четири, пишува Ф1. Н.М.

































