Фото: пиксабеј

По серијата упади на руски беспилотни летала во воздушниот простор на НАТО во Полска и во Романија ќе биде распореден нов американскиот систем Меропс за идентификување на дронови.

Американскиот систем Меропс може да идентификува беспилотни летала и да им се приближи, користејќи вештачка интелигенција за навигација, кога сателитските и електронските комуникации ќе откажат.

– Овој систем ни овозможува многу прецизно откривање. Способен е да таргетира беспилотни летала и да ги соборува, изјави помошник началникот на штабот за операции во Командата на сојузничките сили на НАТО – полковник Марк Меклелан.

На почетокот на септември, околу 20 руски беспилотни летала влегоа во воздушниот простор на Полска, а кон средината на септември, сличен инцидент се случи и во Романија. Исто така, поради беспилотните летала, аеродромите во Копенхаген, Минхен, Берлин и Брисел беа привремено затворени.