Фото: Кремљ

Кремљ не смета дека современиот свет е поблиску до нуклеарна војна отколку што беше за време на Карипската (Кубанската) криза во октомври 1962 година, изјави портпаролот на рускиот претседател Дмитриј Песков, одговарајќи на прашање на агенцијата ТАСС.

-Ние не би донеле такви заклучоци – рече тој, коментирајќи ја наредбата на шефот на државата Владимир Путин да се проучи можноста за започнување подготовки за јадрени тестови и неодамна спроведените тестирања на ракетата „Буревестник“ и подводниот апарат „Посејдон“, кој веќе почнаа да го нарекуваат „оружје на Судниот ден“.