Фото: Гордана Силјановска Давкова / Фејсбук

Во Скопје синоќа беше одбележан Националниот ден на Унгарија. На приемот организиран од унгарскиот амбасадор Андраш Клајн присуствуваше претседателката Гордана Слјановска Давкова.

-Долгогодишното македонско-унгарско пријателство се темели на силни економски врски, културни и академски програми, заеднички иницијативи, како и на соработката во одбраната. Унгарија останува искрен и посветен поддржувач на македонскиот евроинтеграциски пат, препознавајќи ги нашите напори за стабилност и реформи, засновани на европските вредности – пишува претседателката Силјановска Давкова на својот Фејсбук профил.

 

Таа изразува уверување дека партнерството ќе продолжи да се развива во духот на взаемна почит и солидарност.

На приемот по повод Националниот ден на пријателска Унгарија, покрај македонската претседателка, меѓу другите  присуствуваа и министрите Панче Тошковски, Гордана Димитриеска Кочоска, Весна Јаневска, претставници од Собранието, локалната самоуправа, бизнис заедницата и на дипломатскиот кор.