Фото: Персона

Задува претприемачки ветер од северниот Јадран

Како што силниот ветер од Кварнер ги расчистува и најгустите облаци,така и Персона Емплојер д.o.o. (Persona Employer) (дел од Molo Longo Group) на сличен начин им отвора јасна перспектива на македонските работници. Оваа хрватска агенција за посредување при вработување веќе подолго време успешно ги поврзува македонските работници со хрватски работодавачи, а нејзините активности се препознаени на локално, регионално и национално ниво. Тоа го потврдува и членството во организации како Здружение на занаетчии од Риека, Занаетчиска комора на приморско-горската жупанија и Хрватска занаетчиска комора. Филип Невжаласпецијалист за човечки ресурси, нагласува: Нашиот успех нема да беше можен без внимателен избор на доверливи работодавачи за способни работници и обратно.“ Оваа изјава најдобро го отсликува официјалното мото на агенцијата Вработување по мерка.

Модерниот и проактивниот пристап на Персона Емплојер ја позиционира како доверлив партнер за долгорочна и квалитетна соработка во Хрватска и надвор од неа.

Зошто токму Македонци?

Динамичниот тим од Кварнер брзо и ефикасно ги поврзува кандидатите со работодавачитеЧовечкото лице на нивниот модел на соработка се огледува во долгорочната добивка за сите вклучени страни. Агенцијата одамна е свесна дека хрватскиот пазар на труд има сè поголема потреба од странски работници. Само лани беа издадени 206 529 дозволи за престој и работа.

Меѓу нив, значаен дел зафаќаат Македонците, кои со своето искуство, знаење и ентузијазам придонесуваат во носивите гранки на хрватското стопанство како прехранбената индустрија и туризмот. Трендот покажува дека нивниот удел на хрватскиот пазар на труд ќе расте и во иднина. Исто така, во Хрватска, македонците се сметаат за блиски соседи и проверени соработници, а не само како типични странски работници.

Синергија што создава резултати

За луѓето од Персона Емплојер, синергијата не е само фраза, туку практична стратегија. Тие се свесни дека тоа е соработка која ги засилува ефектите на сите вклучени страни. Токму затоа особено негуваат отвореност за дијалог и партнерство со агенции за вработување од Северна Македонија. На тој начин ја зајакнуваат и прошируваат својата мрежа на партнерски агенции во БиХ, Србија и Азијските земји. Основен предуслов за соработка е доследно придржување кон етичките практики на вработување, со меѓусебна доверба и целосна транспарентност. Се гледаат себеси како тим кој визијата ја претвора во успех а успехот е најзначаен кога се споделува со партнерите со добра волја. 

Од зборови кон дела работа за квалификувани месари во Хрватска Тимот од Ријека бара квалификувани месари за свој клиент еден од водечките хрватски ланци маркети и супермаркети. Овој голем работодавач нуди работа на период од 1 до 3 години, што на кандидатите им дава дополнителна сигурност. Работните позиции се наоѓаат низ хрватските острови и крајбрежје, чии убавини се познати низ целиот свет. Почетната нето плата изнесува 1.750 евра, со можност за напредок. Сместувањето е обезбедено, вообичаено во одделни апартмани, со опција за споделување во сезоната. Строго се нагласува придржување кон работниот договор нема преместување на позиции ниту работа во други сектори во периоди на помала зафатеност. Работа вклучува припрема, контрола и сортирање на месо и месни производи, правилно складирање и транспорт на стока и продажба на купувачите.

Кандидатите мора да бидат квалификувани месари со средношколска диплома или потврда за стручно оспособување.

Порака на крај?

Сите кандидати и идни партнери можат слободно да ни се обратат на е-пошта [email protected] или на број +385 99 164 29 24.

Не чекајте прилики создајте ги!