Досегашниот градоначалник на Конче од редовите на ВМРО – ДПМНЕ и коалицијата, Златко Ристов и во наредниот мандат ќе ја извршува оваа функција.
Според првични и нефоцијални податоци Ристов победи во вториот круг од изборите за градоначалник на Конче пред Благој Илиев од СДСМ и коалицијата.
На својот Фејсбук-профил Илиев му ја честиташе победата на Ристов и му посака успешна работа.

































