
Високи офицери на армијата на Гвинеја-Бисао се уапсени под обвинение за обид за државен удар – изјави денеска заменик-началникот на Генералштабот на вооружените сили, Мамаду Курума.
Тој додаде дека офицерите се упасени во нивните домови.
Воените ударите и немирите се вообичаени во западноафриканската земја, која прогласи независност од Португалија во 1974 година.
Претседателот на Гвинеја-Бисао, Умаро Сисоко Ембало тврди дека имало два обиди за негово соборување, од кои последниот бил во декември 2023 година.
Ембало е во конфликт со политичката опозиција поради неговиот завршен претседателски мандат. Тој претходно најави дека ќе се кандидира за втор мандат во ноември.



































