Рано утринава во околу 2 часот, во угостителски објект во село Трапчин Дол, Кичевско, нарушен е јавниот ред и мир од страна на Б.З. (31) од Кичево.
Тој во видно алкохолизирана состојба, најпрво почнал да упатува навреди до персоналот, а потоа започнал и да крши дел од инвентарот во самиот локал.
Лицето е приведено и против него поднесена е соодветна пријава.
З.А.