Екипата на Вардар 2014 / Фото: КК Вардар

КУГЛАЊЕ

Три машки македонски клуба од вчера се дел од три европски натпреварувања, каде што преку високи пласмани ќе се обидат да обезбедат место во Лигата на шампионите (ЛШ). Македонскиот првак Макпетрол е дел од 36. Светски куп (СК) во Болцано (Италија), второпласираниот Пелистер игра на 36. Европски куп во Осиек (Хрватска), а третопласираниот во домашниот шампионат и освојувач на Купот на Македонија, Вардар 2014, настапува на 23. НБЦ куп во Минхен (Германија). Во женска конкуренција, Македонија нема претставник во ниту еден куп.
– Нашиот куп е најмасовен, играат 27 екипи. Не сме во најсилен состав, но сме компактни. Ќе се обидеме да изиграме над нашите просеци, па ќе видиме каде ќе нѐ доведе тоа – вели кугларот на Вардар 2014, Дарко Димитровски.
Во Светскиот куп играат вкупно 15 екипи (првите осум обезбедуваат место во ЛШ), во Европскиот куп има 13 екипи (најдобрите пет одат во ЛШ), а во НБЦ-купот има 27 екипи (првите три ќе бидат дел од ЛШ). Г.И.