Фото: Приватна архива

Облогот“ е насловот на новата книга на Станка Бајлозова-Барламова која што излезе од печат неодамна. Во неа се собрани 22 приказни кои што со сигурност нема да остават рамнодушен ниту еден читател.

– Дали луѓето секојдневно свесно или несвесно се обложуваат и се коцкаат со највредните работи кои што ги поседуваат во животот? Каков е исходот од таквиот вид обложување? Дали човечкиот ум секогаш може да направи релевантна калкулација за тоа колку може да добие, но и колку може да изгуби? На сметка на влогот, со што се плаќа учеството во играта низ текот на животот? Сите одговори на овие прашања, според авторката, ќе ги најдете внатре во книгата. Но она што ќе го прочитате, на моменти ќе ве фрапира, и ќе ве поттикне да се преиспитувате себеси паралелно преиспитувајќи ги и длабоко замислувајќи се за одлуките на ликовите .Облогот“ не е книгата што ќе сакате да ја прочитате во еден здив или за една ноќ. Таа е од оние дела на кои им се враќаме и се преиспитуваме.вели авторката за своето ново дело.

 

Станка Бајлозова Барламова (32) е родена и живее во Валандово. Дипломирала на Филолошкиот факултет Блаже Конески“ во Скопје при катедрата за македонска книжевност и јужнословенски книжевности. Пишува раскази, а нејзината проза е објавена низ повеќе македонски и странски списанија.

Во 2017 година ја објавила нејзината прва книга Студентски портрет“ (збирка есеи критики пишувани врз основа на дела од областа на современата македонска книжевност и врз основа на дела од областа на современите јужнословенски книжевности). Втората книга со раскази, насловена Силуети“, ја објавува во 2021 година. Низ текот на 2023 и 2024 г. два нејзини раскази беа објавени во антологии во Индија.

Во 2023 година добитник е на наградата за најдобар расказ на литературниот конкурс при манифестацијата Денови на Мајка Тереза“. Истата година Општина Валандово ѝ додели Шестоноемвриско признание за монографијата „50 години распеани валандовчани“.

Денес работи во Домот на култура „25 Мај“ во Валандово во областа на литературната дејност. М.Т.