„Нокаут“ за љубителите на акустичната музика подготвува анплагд-концерт и снимање во живо на новиот акустичен албум. За таа цел бендот ги повикува своите обожаватели и долгогодишни следбеници да станат дел од музиката и музичкиот пат на бендот. Со учество во снимањето на албумот, гледачите ќе станат дел од музичката историја на бендот и воопшто на модерната музика во земјава.

Целовечерниот концерт и снимањето на албумот ќе бидат на 26 декември, со почеток во 21 часот, во хотелот „Скопје Мериот“. „Нокаут“ ќе настапи со Игор Џамбазов, а специјален гостин на вечерта е Гуру Харе.