Фото: ЕПА

СО ТРИУМФОТ НА СП 2025 ЗА ОДБОЈКАРИ

  • За Италијанците ова е втора светска шампионска титула во низа, петта вкупно

Машката одбојкарска репрезентација на Италија ја одбрани титулата светски првак, откако во финалето на Светското првенство (СП) во Манила (Филипини) ја победи Бугарија со 3-1 во сетови (25-21, 25-17, 17-25, 25-10). За Италијанците ова е втора шампионска титула во низа, петта во нивната историја, во нивното шесто финале на мундијалите.
Кај Италија, Јури Романо оствари 22, Матиа Ботоло 19 поени, а кај Бугарите, кои играа за првото злато (играа во финалето во 1970 година), Александар Николов забележа 23 поени. Бронзата ја освои селекцијата на Полска, која со 3-1 во сетови (25-18, 23-25, 2522, 25-21) ја совлада Чешка.
На СП 2025 првпат учествуваа 32 репрезентации (до минатиот мундијал играа по 24 селекции). Следното СП ќе се одржи во Полска во 2027 година. Од полуфиналистите на СП 2025, Италија сега има пет злата и едно сребро, Полска по три злата и бронзи, Чешка две злата и четири сребра, а Бугарија две сребра и четири бронзи. Најтрофејна репрезентација е поранешниот Советски Сојуз со шест злата, две сребра и три бронзи.
Во идеалниот тим на годинашното Светско првенство се Италијанците Александро Микиелето (примач и најкорисен играч), Симоне Џианели (техничар), Фабио Баласо (либеро) и Јури Романо (коректор), Бугарите Александар Николов (примач) и Алекс Грозданов (среден брокер) и Полјакот Јакуб Кохановски (среден блокер). Г.И.