Фото: Официјален фејсбук профил на Володомир Зеленски

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска ќе се сретне со својот американски колега Доналд Трамп во Њујорк, а ќе учествува и на состанокот на Советот за безбедност на ОН за Украина, на состанокот на меѓународната коалиција за враќање на украинските деца однесени во Русија, како и на голем број билатерални состаноци, објави „Укринформ“.

Според дописникот на украинската новинска агенција од Њујорк, се очекува Зеленски да присуствува и на отворањето на Општата политичка дебата во рамките на јубилејната 80-та сесија на Генералното собрание на ОН во американската метропола.

На состанокот на коалицијата за украинските деца ќе присуствува и првата дама на Украина – Олена Зеленска. Покрај украинскиот претседател, на форумот се очекува да зборува и канадскиот премиер Марк Карни.

– Зеленски денеска има планирана средба и со претседателката на Генералното собрание на ОН, Аналена Бербок, поранешна министерка за надворешни работи на Германија – додава „Укринформ“.