Второто издание на танго маратонот Емоции, грчка верзија, се одржа од 11 до 15 септември 2025 година, во Скопје. Танго танчерите можеа непрекинато да танцуваат по 7 часа секоја вечер на музика подготвена од тим танго диџеи кои допатуваа од Грција. Маратонот се одржа во елегантен хотел, во чија сала беше монтиран дрвен под, опремена со професионално акустично озвучување и специјално диманично светло. Преку ден учесниците можеа да присуствуваат и на настапи на две меѓународно признати танго двојки, работилници за машка и женска танцувачка техника и јога вежби за истегнување.