Најмалку 25 лица се повредени при експлозија во бар во Мадрид, јави весникот „Паис“ повикувајќи се на полицијата. Тројца од повредените се во тешка состојба.
Според првичните информации, експлозијата е предизвикана од истекување на гас.
Претходно денеска шпанското издание „Мундо“ информираше за најмалку 21 повреден.
Инцидентот се случил во 15.01 часот во бар на улицата „Мануел Марото“ во мадридската населба Пуенте де Валекас. Експлозијата ја зафатила и станбената зграда над локалот.
Регионот е обезбеден од полицијата, а пожарникарите рачно ги расчистуваат урнатините бидејќи објектот е нестабилен и небезбедно е да се користи механизација. Жителите на горните катови се евакуирани.
Одделот за цивилна заштита на Мадрид објави фотографии од местото на инцидентот на социјалната мрежа „Икс“. Снимките покажуваат дека барот е речиси целосно уништен.
#DePlaneta | La Agencia de Seguridad y Emergencias de Madrid, @112cmadrid, reporta 25 personas heridas, entre ellos cinco en estado grave, tras la explosión en un bar en la calle Manuel Maroto #PuenteVallecas. Fotos cortesía. pic.twitter.com/FIBrl4JtIn
— Diario El Salvador (@elsalvador) September 13, 2025