Пожар ги зафати објектите на Ф – ГРУПАЦИЈА која се занимава со електронски отпад, а во негово гасење се вклучени неколку екипи од Бригадата за противпожарна заштита на град Скопје кои претходно интервенирале и во гаснење на пожар во стара Цементара на ул. „Горноврановска“ во Горно Лисиче, потврдија од Дирекцијата за заштита и спасување и од Бригадата за противпожарна заштита на град Скопје.
– Преку бројот за итни повици Е-112 е добиена е пријава за голем пожар во Општина Гази Баба по точно во с. Трубарево каде што гори фабрика за пластични работи. БППЗ на Град Скопје се на лице место каде што интервенираат во гаснењето на пожарот состојбата се следи – велат од Центарот за управување со кризи.
– Има голем пожар во Трубарево, зафатени се отпадни материи, се гасне со повеќе екипи – изјави за МИА Звонко Томевски, командир на Бригадата за противпожарна заштита на град Скопје.
Како што рече Томевски, веќе е изгаснат пожарот кај стара Цементара на ул. „Горноврановска“ во Горно Лисиче.