Според списите на Новиот завет, еврејската жена Марија живеела во Назарет, во регионот Галилеја, со своите родители кога се свршила со дрводелецот Јосиф (била мала за време на свршувачката и зачнувањето на Исус). И двајцата потекнувале од родословието на еврејскиот цар Давид. Наскоро потоа ѝ се појавил архангел Гаврил и ја поздравил со зборовите што станале основа на молитвата што се користи до ден-денес меѓу следбениците на Марииниот култ: „Радувај се благодатна! Господ е со тебе, благословена си ти меѓу жените!“
Марија, според верувањата на христијаните, е мајка на Исус Христос и сопруга на Јосиф. Таа е позната и како Пресвета Богородица итн. Титулата Богородица значи „Мајка Божја“ и била усвоена на Третиот вселенски собор во Ефес (431 година). Во православието и католицизмот таа е најпочитувана светица, а во исламот е една од трите совршени жени. Пресвета Богородица е светица заштитничка на градот Скопје.
Според евангелијата, Марија живеела во Назарет во тогашниот регион Галилеја. На арамејски јазик, нејзиното име се произнесува како Мирјам. Според верувањата, таа стапила во брак со Јосиф и го зачнала Исус на чудесен начин – кога ѝ се јавил архангел Гаврил и ѝ соопштил дека ќе роди син, кој ќе биде цар на царевите. Во сите евангелија Марија се споменува како мајка на Исус и нејзината улога во евангелијата главно се врти околу таа насока.
Според списите на Новиот завет, еврејската жена Марија живеела во Назарет, во регионот Галилеја, со своите родители кога се свршила со дрводелецот Јосиф (била мала за време на свршувачката и зачнувањето на Исус). И двајцата потекнувале од родословието на еврејскиот цар Давид. Наскоро потоа ѝ се појавил архангел Гаврил и ја поздравил со зборовите што станале основа на молитвата што се користи до ден-денес меѓу следбениците на Марииниот култ: „Радувај се благодатна! Господ е со тебе, благословена си ти меѓу жените!“ (Лука 1:28).
Ангелот тогаш ѝ рекол дека ќе стане мајка на ветениот Месија, иако била девица. Марија ѝ се потчинила на Божјата волја со зборовите: „Еве ја слугинката на Господ, нека ми биде според твојот збор“ (Лука 1:38).
Последователно, Марија тргнала на долг пат да ја посети својата бремена роднина Елисавета, која живеела со нејзиниот сопруг Захарија. Само што влегла во нивната куќа, веднаш ја поздравила Елисавета, која ѝ оддала почит како мајка на нејзиниот Господ, а Марија одговорила со пофалби на Господ познати како Магнификат (Лука 1:46–55). По три месеци, Марија се вратила дома во Назарет. Ангел му се јавил на нејзиниот свршеник Јосиф во сон, кој му рекол дека „она што е зачнато во неа е од Светиот Дух“ (Матеј 1:20). Иако била бремена, Јосиф ја зел со себе и тие направиле свадбена церемонија.

Во тоа време, римскиот император Октавијан Август наредил да се спроведе попис на луѓето низ светот – всушност мислел на светот со кој управувало Римското Царство. Секој морал да се попише во градот од каде што потекнувале неговите предци. Затоа Јосиф и бремената Марија отишле да се запишат во Витлеем, кој бил наречен „Давидов град“. Тие не нашле сместување во градската гостилница бидејќи градот бил преполн со луѓе и затоа биле принудени да се засолнат во штала, опкружени со домашни животни. Таму Марија го родила својот син Исус Христос (Лука 2:1–7). Наскоро по раѓањето, таа морала да побегне со него и Јосиф во Египет, бидејќи во сон, еден ангел му рекол на Јосиф дека царот Ирод Велики ќе се обиде да го убие Исус. Тие останале во Египет сè до смртта на Ирод и потоа се вратиле во Назарет (Матеј 2:13–23).
Во евангелијата, Марија му се појавува спорадично на Исус и на неговата јавна служба. Таа го поттикнала првото чудо што Исус го направил на една свадба во градот Кана, Галилејско, кога ја претворил водата во вино (Јован 2:1–11). Заедно со другите апостоли (освен Јуда – оној што го предал Исус) таа плачела под крстот на кој бил распнат нејзиниот син Исус (Јован 19:25–27). Но исто така е можно негативно да ѝ биле протолкувани зборовите на Исус: „Која е мајка ми и кои се моите браќа?“ Потекнува од описот на очекувањето на ветениот Свети Дух среде апостолите, учениците на Исус и нивните браќа, додека заедно се молеле по Вознесувањето на Исус (Дела 1:14). Новиот завет не ја запишува смртта на Марија или нејзиното вознесение. Д.Ст.
Мајката на Исус во Куранот
Марија (Мерјем) во Куранот има возвишено и исклучително почитувано место – таа е единствена жена спомната по име во целиот Куран и цела сура (глава) е посветена на неа: Сура Мерјем.
Што вели Куранот за Марија? Таа е опишана како најчиста и најодбрана жена меѓу сите жени. Марија е симбол на невиност, вера и покорност кон Бога. Нејзиното чудесно зачнување на Исус (Иса) без татко е детално опишано и се смета за едно од големите чуда на Алах. Куранот раскажува како Марија, откако зачнала по Божја волја, се повлекла на осамено место и таму го родила Иса.
Иса, уште како новороденче, проговорил за да ја одбрани својата мајка од обвинувања. Иако исламот не го признава Исус како Божји син, туку како пророк, Марија е длабоко почитувана и се смета за пример на духовна чистота и преданост. Муслиманите ја ценат нејзината улога и често ја спомнуваат со почит. Д.Ст.
