Фото: ТАВ Македонија

ТАВ Македонија, операторот на Меѓународниот Аеродром Скопје и Аеродромот Свети Апостол Павле Охрид, донираше целосно опремено амбулантно возило на Јавната здравствена установа Општа болница – Кочани, подобрувајќи го итниот медицински одговор и итна медицинска помош како за граѓаните на општина Кочани, така и за граѓаните на источниот регион на земјата.

-Во ТАВ Македонија, нашата посветеност кон заедницата оди подалеку од работењето на аеродромите. Како општествено одговорна компанија, горди сме што го донираме ова целосно опремено амбулантно возило со најсовремена медицинска опрема, за да ги поддржиме граѓаните на Кочани и на околните области. Нашата мисија е да бидеме вистински партнер во општеството, особено кога станува збор за спасување животи и подобрување на итна медицинска помош, бидејќи веруваме дека инвестирањето во здравствената заштита е инвестирање во иднината на заедницата – изјави Неџат Курт, генерален директор на ТАВ Македонија.