Црквата на најголема надморска височина во земјава на планината Фојник во Порече го прослави својот патрон Преображение господово. На овој празник по традиција црквата ја посетуваат жители од три села, Брест, Косово и Треболе, како и голем број гости од други градови низ земјава, претежно родум од овој крај.
– Својот патрон го одбележува црквата на најголема надморска височина во Порече „Преображение господово“. Овој храм на 1.420 метри н.в. редовно го посетуваат жителите од претходно споменатите три села Брест, Косово и Требовле, како и гости од други градови во земјава. Жителите на трите села имаат свои крстови, кои ги китат и прават трикружно вртење околу црковниот храм пеејќи ја песната „Крст ти носиме бога молиме“. Денеска се врши и богослужба од страна на свештено лице од Македонски Брод, по што следува општонародна веселба, а присутните се служат со посна трпеза – истакна Бојан Бежоски, поет и верник од Македонски Брод.
Тој наведе дека на местото на сегашната црква постоела стара црква, која е возобновена во периодот 2010-2012 година. З.А.