Русија ќе има јасна и разбирлива позиција на претстојниот самит во Алјаска, изјави шефот на руската дипломатија, Сергеј Лавров.
-Никогаш не планираме ништо однапред. Знаеме дека имаме аргументи, јасна, разбирлива позиција. Ќе ја презентираме – рече рускиот министер, одговарајќи на новинарско прашање за проценка на веројатноста за успех на претстојната средба меѓу рускиот претседател Владимир Путин и американскиот претседател Доналд Трамп, пренесуваат руските мекидуми.
Тој, исто така, рече дека „многу е веќе направено за време на посетите на специјалниот пратеник на американскиот претседател Стив Виткоф“ кој разговараше со Путин во Москва во име на претседателот Трамп.
-Се надевам дека ќе го продолжиме овој корисен разговор – рече Лавров, кој е дел од руската делегација во Алјаска, според соопштението од руското Министерство за надворешни работи.
Новинарите во Алјаска го снимија рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров како носи сив блузон со натписот „СССР“ видлива под црниот елек.
На каналот Телеграм на весникот „Известија“ беше објавено видео од Лавров како оди од својот автомобил до хотел во Енкориџ.
Самитот Путин-Трамп ќе се одржи во воената база Елмендорф-Ричардсон во Енкориџ.
Централната тема на состанокот ќе биде решавањето на украинската криза, изјави претходно помошникот на рускиот претседател, Јуриј Ушаков.