„Донглин“ (со буквално значење храм во источната шума) е будистички храм што се наоѓа приближно 20 километри од Џиуџијанг, на север од покраината Џиангси, Кина. Изграден е во 386 година од нашата ера во подножјето на планината Лу од Хуијуан, основач на будизмот на чистата земја. За време на династијата Танг, Џианжен неколкупати патувал во Јапонија во мисија за проповедање на будизмот. Како резултат на тоа, Хуијуан и доктрината на храмот „Донглин“ почнале да се шират во Јапонија. Храмот „Донглин“ дал придонес за подобрување на културните размени и пријателските посети меѓу Кина и Непал, Индија и Јапонија. Манастирот го достигнал својот врв на влијание за време на династијата Танг (618–907 година од нашата ера), но бил сериозно оштетен за време на бунтот Тајпинг и речиси уништен за време на републиканскиот период (1912–1949) од кинеската историја
Храмот „Донглин“ првично бил изграден како „Лонгкуан Џингше“ во 386 година од истакнат будистички монах по име Хуијуан, основач на будизмот на чистата земја, под династијата Источен Јин (266–420). За време на неговото време како игумен, тој го ширел будизмот на чистата земја 30 години и привлекол голем број практичари. Тој го организирал Друштвото на белиот лотос, заедница во која се собрале 123 кинески и странски монаси и научници. Индиските будистички монаси Танмоти и Сенџија Типо исто така го ширеле будизмот во тоа време. Доживеал невиден раст за време на династијата Танг (618–907), имал повеќе од илјада монаси и бил со големина од 120.000 квадратни метри, со 310 сали и соби. Џианжен, исклучителен будистички монах, држел предавања за сутрите и прописите во храмот пред да оди во Јапонија. Во 753 година, во 12-та година од периодот Тјанбао, Жиен, монах во храмот „Донглин“, пристигнал во Јапонија со Џианжен.
По децениска кампања за донации, храмот изградил статуа на Буда Амитабха висока 48 метри, опкружена со скулптура од пламен висока 80 метри. За разлика од многу туристички места во Кина, посетителите не се обврзани да купуваат билети во овој храм. Напротив, туристите можат да имаат бесплатни вегетаријански оброци заедно со монасите (во 6–6.30, 11–11.30, 17–17.30 часот) откако ќе им се приклучат на нивните религиозни активности. Сегашниот игумен на храмот, мајсторот Да’ан, бил професор на Пекиншкиот универзитет за меѓународен бизнис и економија. Д.Ст.


Лушан Хуијуан
Лушан Хуијуан, што значи „Хуијуан од планината Лу“, бил кинески будистички учител што го основал храмот „Донглин“ во подножјето на планината Лу во покраината Џиуџијанг. Роден е во покраината Шанкси, но се преселил во Џиуџијанг, каде што починал во 416 година. Иако е роден на север, се преселил на југ за да живее во границите на Источната династија Џин. Хуијуан посмртно бил именуван за прв патријарх на будистичката школа за чиста земја и основач на Друштвото на белиот лотос, рана будистичка заедница посветена на Амитабха Буда. Неговите ученици ги вклучувале Хуигуан Сенџи и Фаан.
Академијата „Донглин“
Академијата „Донглин“, позната и како академија „Гуишан“ (била поранешна кинеска образовна институција во Вукси, Кина). Првично била изградена во 1111 година за време на Северната династија Сонг; неоконфуцијанскиот научник Јанг Ши предавал таму, но академијата подоцна била напуштена. Името „Донглин“ е инспирирано од храмот „Донглин“ во подножјето на планината Лу, Џиуџијанг. Јанг Ши го посетил храмот „Донглин“ и сметал дека е добро место за предавање. Кога завршил со стипендирањето, отпатувал во Вукси и видел дека распоредот на академијата е сличен на храмот „Донглин“, па затоа предавал на тоа место 18 години. Оттука академијата била наречена академија „Донглин“. Владата на Народна Република Кина ја реновираше академијата меѓу 1981 и 1982 година. Д.Ст.