Фото: Александар Николоски/Фејсбук

Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски упати честитка по повод одбележувањето на 2 Август Илинден – Денот на Републиката.

-Слава им на хероите од битката кај Слива кои ги дадоа животите за слободата на Македонија и слава им на Илинденците и великаните од Илинденската епопеја. За слободата на Македонија многу херои ги положиле своите животи. Вечна слава!- посочува Николоски кој денеска беше дел од владината делегација во Крушево.

 

Вицепремиерот Николоски положи цвеќе на гробот на Никола Карев и на споменикот на хероите на месноста „Слива“, а присуствуваше и на панихида во храмот „Св. Никола“.

-За Илинден традиционално во славно Крушево! Поклон пред великанот и Претседателот на Републиката Никола Карев. Слава му!- напиша Николоски во објавата на фејсбук.

Министерот Николоска синоќа на Гумење во Крушево присуствуваше на отворањето на манифестацијата „10 Дена Крушевска Република“.