Индустриското производство во периодот јануари – јуни 2025 година, во однос на истиот период лани, е зголемено за 2,8 проценти. Во јуни, пак, во споредба со минатогодишниот јуни, забележан е раст од 0,5 проценти, соопшти Државниот завод за статистика.
Индустриското производство во секторот Рударство и вадење на камен во јуни 2025 година, во однос на јуни 2024 година, бележи пораст од 6,9 проценти, во секторот Преработувачка индустрија од два проценти, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација има опаѓање од 29,3 проценти.
Според главните индустриски групи, производството во јуни 2025 година, во однос на јуни 2024 година, бележи пораст кај Интермедијарни производи, освен енергија за 4,6 %, Капитални производи за два проценти и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 1,9 проценти, додека опаѓање бележи кај Енергија за 24,4 проценти и Трајни производи за широка потрошувачка за 4,3 проценти.