Политиката на Русија треба да биде насочена кон максимално дистанцирање од Европската Унија – изјави заменик-претседателот на Советот за безбедност на Русија, Дмитриј Медведев, коментирајќи го усвојувањето на 18-тиот пакет санкции на ЕУ против Русија.
-Треба да инсистираме на максимално дистанцирање од Европската Унија и најконтроверзните земји од ЕУ – напиша Медведев на својот Телеграм канал.
На овие земји сега можат да им се придружат не само Полска и Обединетото Кралство, туку и Германија и Франција, „чии лидери ги прогонува славата на Третиот рајх и режимот на Виши“, а како тоа ќе заврши за Европа е непознато, коментираше Медведев.
Според него, Русија мора да се сеќава на „одвратната русофобија на европските политичари што е можно подолго, како и да научи да ги мрази, бидејќи руската економија ќе издржи, а нападите врз режимот во Киев ќе продолжат“.
-Мораме да се сеќаваме на нивната подла русофобија што е можно подолго и да научиме да ги мразиме во иста мера како што ги мразеле нашите предци. Омразата е најважното оружје што овозможува најефикасно движење кон нејзината спротивност – љубовта. Секако, кога станува збор за оние кои ја заслужуваат – додаде Медведев.
Според Медведев, Русија ќе извршува напади врз објекти на територијата на Украина, вклучувајќи го и Киев, со уште поголем интензитет.
-Нападите врз објекти на таканаречената Украина, вклучувајќи го и Киев, ќе бидат извршени со уште поголем интензитет – заклучи Медведев, нагласувајќи дека усвојувањето на 18-от пакет санкции на ЕУ нема да има влијание врз падот на режимот во Киев.