Фото: Архива

Во врска со прекинот на водоснабдувањето на детската болница Козле, ЈП „Водовод и канализација“ ја информира јавноста дека нивни екипи извршиле комплетен увид на терен и констатирале дека причина за прекинот не е во нивна надлежност.

– Станува збор за дефект на водоводната инсталација која е во сопственост на болницата. За наведеното, известени се надлежните во болницата и истите треба да го санираат дефектот на внатрешната водоводна инсталација – информираат од претпријатието.

Оттаму велат дека и покрај нивните апели, во текот на увидот, констатирано е дека од болницата Козле, водата ја користат нерационално.

– И покрај нашите апели, во текот на увидот констатирано е дека болницата Козле нерационално ја користи водата за пиење, со полевање на парковската површина во склоп на болницата, додека се занемарени примарните работни активности на истата.
Самото тоа укажува на фактот дека и покрај обвинувањата од раководството на болницата, ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје нема никаква вина поврзана со прекинот на водоснабдувањето и ги отфрла сите обвинувања – информираат од претпријатието.

Велат дека сепак излегле во пресрет со оглед на тоа што станува збор за сензитивна работа и испратиле цистерна со питка вода пред болницата.
И покрај горе наведеното, ЈП Водовод и канализација-Скопје со оглед дека станува збор за сензитивна работа, излезе во пресрет и постави цистерна со питка вода пред самата болница.