Започнаа подготвоките за годинашниот Пиво фестивал 2025 во Прилеп. Големата бина е поставена, а се местат штандовите и пиварниците кои ќе учествуваат. И додека траат активностите на терен, во големата сала од Општина Прилеп, УЈП – Регионална дирекција Прилеп одржа состанови со учесниците на фестивалот и со бизнис секторот.
– Им посочивме на учесниците да бидат усогласени со законските прописи. Претходно имавме едукативни посети со кои информиравне дека деловните единици треба да бидат регистрирани со фискални сметки. Целта ни е на овој фестивал да се евидентира готовинскиот промет. Исто така треба да бидат пријавени и физичките и правните лица кои ќе издаваат сместување преку е – даночни услуги – посочи Александар Мирчески, раководител на УЈП, Регионална дирекција Прилеп.
Мирчески истакна дека досега од почетокот на годината имале 183 контроли, од кои во 66 биле утврдени неправилности.
– Обврзниците не издавале сметки и не поседувале сметки. Двајца обврзнициne добијаа забрана за вршење дејност во рок од 15 дена – посочи Мирчески.
Инаку, Пиво фестивалот 2025 започнува утрвеечер и ќе трае три дена.
На големата сцена ќе настапат балкански музички имиња како што се Никола Роквиќ и Харис Џиновиќ, додека македонската музичка сцена ќе ја претставуваат Антониа Гиговска, Тајзи, Дамјан Стојаноски, како и уникатниот настап на Камерниот оркестар Битола со Ристо Самарџиев, Андријана Јаневска и Наде Талевска. Ка.М.