Фото: Принтскрин/Илустрација

Голем шумски пожар избувна попладнево на вториот крак на Халкидики во регионот на Вурвуру, а од бројот 112 за итни случаи беше испратена порака до сите што се во конкретната област да се евакуираат кон Никити – јави дописничката на МИА од Атина.

Во гаснењето учествуваат 65 пожарникари со два пешадиски тима, 20 возила, волонтери, како и осум авиони и еден хеликоптер, а помагаат и цистерни од општините.

Поради пожарот во прекин е сообраќајот на возила на патот Неа Мудања – Спарти од Ормос Панагиас до Вурвуру, а од полицијата ги повикаа возачите да бидат особено внимателни и да ги следат упатствата од полицајците.

Според информациите, пожарот опфатил густа шума.

Градоначалникот на Ситонија, Јоанис Малинис за порталот Вориа посочи дека ситуацијата е малку подобра, дека интервенираат голем број противпожарни сили и процени дека наскоро ќе го ограничат пожарот.