Четири лица се повредени, некои сериозно, откако маж со нож ги нападнал утрово во канцеларија во покраината Баварија, соопшти локалната полиција. Нападот се случил во Мелрихштат.
Многу претставници на разни служби за спасување реагирале на местото на настанот и се погрижиле за повредените.
Напаѓачот е приведен, додаде полицијата, која не откри мотив за нападот.
Сепак, германскиот весник Билд објавува дека една од жртвите починала и дека инцидентот се случил во просториите на компанијата за снабдување со електрична енергија „Уберландверк Рен“.
Портпаролот на компанијата одби да коментира за оваа информација и упати прашања до полицијата.