Денес, со почеток во 19 часот, во паркот „Ѓорче Петров“, ќе се одржи традиционалното чествување на споменот на македонскиот великан и деец, револуционерот Ѓорче Петров.
На настанот ќе се обрати премиерот Христијан Мицкоски, градоначалникот на Ѓорче Петров, Александар Стојкоски, пратеникот Бојан Стојаноски и претседателот на патриотскиот институт при ОК Ѓорче Петров, Јован Поповски.
Присутни ќе бидат министрите Владо Мисајловски, Панче Тошковски, Гордана Димитриеска Кочоска, Стефан Андоновски и вицепремиерот Љупчо Димовси.
– Заедно да испратиме порака дека Идејата е вечна и Македонија е сè што имаме – се вели во поканата до граѓаните.