ШАХОВСКА ОЛИМПИЈАДА ЗА СЛЕПИ И СЛАБОВИДНИ ЛИЦА
Македонската машка репрезентација го забележа четвртото реми, второ во низа, на 17. Шаховска олимпијада (ШО) за слепи и за слабовидни играчи во Врњачка Бања (Србија). Во осмото, претпоследно коло, Македонија (рејтинг 1.882, рангирана 18-та пред ШО) одигра нерешено со Турција (1.821, рангирана 20-та). Миле Чапанов (1.957) на првата табла првпат одмораше, Зоран Костадиновски (1.846) го претрпе првиот пораз со бели фигури од Угур Дениз (1.965), Жарко Селковски (1.903) ја впиша петтата победа, на дуелот со Унал Домнез (1.805), Стефан Мелник (1.820) го освои вториот цел поен против Умут Селчук (1.781), а Филип Арсов (1.817) вторпат загуби, овој пат од Сулејман Салтик (1.732). Во деветтото коло вчера Македонија играше со Италија (1.898, рангирана 16-та), која беше 16-та со седум бода. По ова коло, Македонија е на 17-то место, со шест бода (15,5 поени по табли), а води Полска (2.235) со 14 бода (23 по табли), пред Венецуела со 13 (21,5), Шпанија со 11 (19) и Украина со 11 (18,5). Г.И.