Во 2023 година беше објавен „Создавање на боговите 1: Кралство на бурите“, историско-воена фантастика што освои 45 награди. Сега, две години подоцна, време е за неговото второ продолжение.

Оваа сага е базирана на најпознатиот кинески класичен фантастичен роман – трилогијата „Фенгшенјани“, напишана во 16 век од Сју Жонглин, и ја раскажува приказната за долготрајни митски војни меѓу луѓе, бесмртници и чудовишта што се случиле пред повеќе од три илјади години.

Приказната се одвива за време на падот на династијата Шанг (1600–1046 пр. н.е.) и подемот на династијата Жоу (1046–256 пр. н.е.). Испреплетува голем број елементи од кинеската митологија, вклучувајќи божества, бесмртници и духови.

Кралот Џоу од Шанг кове заговор со духот на лисицата Даџи за да ги угнетува и тиранизира невините, но нивните постапки предизвикуваат божествена казна. Бесмртниот Кунлун Џијанг Зија патува во светот на смртниците за да го пронајде единствениот владетел што ќе ги спаси обичните луѓе.

Во вториот филм, кој е наедно и втор во замислена филмска трилогија, Таиши Вен Џонг ја предводи војската на династијата Шанг, вклучувајќи ги Денг Чанју и четири генерали од семејството Мо, против Сики. Со помош на бесмртниците Кунлун како што е Џијанг Зија, Џи Фа ги предводи војската и цивилите на Сики за да ја бранат татковината.

И двата филма беа режирани од Вуершан, кој моментално работи на третиот и последен филм. И, помеѓу двете продолженија, во 2024 година, тој го сними наградуваниот „Едно лице помалку“. Тој е исто така автор на фантастичниот хорор „Духовите“, како и на уште два филма што се во областа на хорор-фантастиката.