При падот на патничкиот авион Боинг 787-8 на „Ер Индија“, кој сообраќаше од Ахмедабад за Лондон, загинаа најмалку 133 луѓе.
Авионот на „Ер Индија“ со 242 патници и екипажoт се урна кратко време по полетувањето од аеродромот во Ахмедабад. Авионот се урна врз објект на Медицинскиот колеџ и Цивилната болница во Ахмедабад.
Од вкупно 242 луѓе во авионот, 169 се Индијци, 53 Британци, еден Канаѓанец и седум Португалци. Од вкупниот број патници, 217 се возрасни, а 11 се деца.