Урсула фон дер Лајен

Изречена пресуда од страна на Судот на Европската Унија против претседателката на ЕК, Урсула фон дер Лајен

Судот на ЕУ вчера ја прогласи претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, за одговорна за прикривање информации во врска со „Договори за набавка на вакцини против ковид-19 во периодот 2021-2023 година“.
Судот на ЕУ, образложувајќи ја пресудата против Фон дер Лајен, врз основа на материјални докази потврди дека „Европската комисија (ЕК) погрешила што одбила да ги објави текстуалните пораки на Урсула фон дер Лајен со извршниот директор на ’Фајзер’, Алберт Бурла, во екот на пандемијата на ковид-19“!
– Европската комисија (ЕК) не може едноставно да изјави дека не ги поседува бараните документи, туку мора да даде веродостојни објаснувања што ќе им овозможат на јавноста и на судот да разберат зошто овие документи не можат да се најдат – се наведува во образложението на пресудата на Основниот суд на Европската Унија, во кој е повикана на одговорност претседателката на ЕК, Урсула фон дер Лајен.
Во соопштението на Општиот суд на ЕУ лиферувано за јавноста, пак, се наведува дека Комисијата „не успеала убедливо да објасни зошто сметала дека текстуалните пораки разменети во контекст на набавката на вакцината против ковид-19 не содржат важни информации… чија заштита мора да се обезбеди“.
Пресудата би требало да има огромни последици врз транспарентноста и одговорноста во ЕУ и ќе нанесе тежок удар врз угледот на Фон дер Лајен.
– Одлуката е целосен удар врз транспарентноста. Луѓето едноставно сакаат и заслужуваат да знаат како се носат одлуките, тоа е важно во демократијата. Дури и ако тоа се прави преку СМС – изјави холандската европратеничка Ракел Гарсија Хермида-ван дер Вале, која е коспонзорка на преговорите за измени во законот што го регулира пристапот до документи во име на либералната група „Обнови ја Европа“.
Случајот беше правно сложен и особено тежок за Фон дер Лајен бидејќи таа не само што лично го потпиша најголемиот договор за вакцини во ЕУ туку и тогаш и сега претседава со самата институција задолжена за спроведување на правото на ЕУ, кое ги вклучува принципите на транспарентност и одговорност!
Од аспект на политичка одговорност, пресудата на судот на ЕУ против Урсула фон дер Лајен обезбедува политичка муниција против неа, затоа што судот, со својата пресуда, даде материјал за аргументирана и основана критика кон Фон дер Лајен, која демонстрира политичка дволичност, лицемерство, изигрување на фундаменталните принципи на ЕУ, и тоа само неколку месеци откако таа јавно вети дека ќе ги брани стандардите за транспарентност, ефикасност и чесност во нејзиниот втор мандат. (?!) Р.С.