Денеска одбележуваме 80 години од објавувањето на современата македонска кирилична азбука во „Нова Македонија“.

Ова е пригодна илустрација од најновата книга на проф. д-р Илија Велев, со развојот на македонската словенска писменост, каде што во стилизиран свиток се аплицирани трите македонски азбуки: македонска (охридска) глаголица, македонска старословенска кирилица и македонска современа кирилица.
Велев е универзитетски професор, научен работник и книжевен творец, а работи како редовен професор и научен советник во ЈНУ Институт за македонска литература при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.

По тој повод го пренесуваме и краткиот документарен филм за кирилицата, создаден по сценарио на проф. д-р Илија Велев.