Поради намален дотур на вода за санација за потребите на АД Водостопансто „Кумановско-липковско поле“, ќе има намален дотур на вода и за граѓаните на Куманово, информираа денеска од јавното претпријатие „Водовод“. Активностите ќе започнат в понеделник.
Од претпријатијата повикаа на разбирање од граѓаните и наменско трошење на водата.
– Поради потреба за отпочнување на сезоната на наводнување 2025 година, АД водостопанство, подружница „Кумановско – липковско поле“ Куманово, достави известување дека ќе го намали дотурот на сирова вода до Фабриката за преработка на вода поради санирање на дефекти и монтажа на шибер вентили. Дотурот на сирова вода ќе биде прекинат преку 4-та грана (Бај-Пас) – информираа од кумановски „Водовод“.
По завршување на планираните работи, дотурот на сирова вода повторно ќе биде нормализиран.
– Ги молиме граѓаните за трпение, како и избегнување ненаменска потрошувачка на вода за цели за кои таа не е наменета – повикаа оттаму.
За време на изведување на планираните работи од страна на АД водостопанство, подружница „Кумановско – липковско поле – Куманово“, потрошувачите од повисоките делови на градот можно е да се соочат со намален притисок или недоволен дотур на вода.
Според најавите, екипите на АД водостопанство, подружница Кумановско-липковско поле – Куманово ќе започнат со работа во понеделник.