Дали сте знаеле…

– Еден литар бензин може да загади 750.000 литри вода за пиење.
– За миење автомобил со црево може да се потрошат и до 600 литри вода.
– Ако фрлите алуминиумска лименка или пластична чаша во природа, таа може да се најде во истиот облик, неизменета и по 500 години.
– Во отпадоците има отровни материи што влијаат на смртноста кај животните.
– Пластиката личи на храна, па тие често ја употребуваат во исхраната.
– Пластичните ќесиња во океаните и морињата убиваат речиси еден милион морски животни годишно.
– Во текот на животот фрламе ѓубре со тежина колку 600 возрасни луѓе.
– Дрво старо 100 години создало онолку кислород колку што му е потребно на еден човек за 20 години.
– Од фрлените хартија и дрво, пет милиони домови би се грееле 20 години.
– Еден хектар иглолисна шума има способност да апсорбира 32 литри прашина, а ако шумата е букова, апсорбира 45 литри прашина.
– Еден тон рециклирана хартија спасува 17 израснати дрвја.
– Еден тон рециклирана пластика заштедува 900 литри нафта.
– Стаклото може неограничено да се рециклира.
– Еден кубен метар воздух во шума содржи 200-300 бактерии, додека во истиот волумен во големите градови има 250 пати поголем број бактерии.
– На Земјата секоја година се уништуваат шуми со површина колку Австрија.