Фото: Фејсбук Папазов

Обвинителството вечерва соопшти дека распитот на градоначалникот на Кочани, Љупчо Папазов е завршен и дека дополнително ќе биде донесена одлука за неговиот натамошен статус во постапката.

– Извршен е распит на градоначалникот кој даде определени појаснувања и сознанија. Таквиот исказ се споредува со доказниот материјал и надлежностите на општината, по што ќе биде донесена одлука за неговиот натамошен статус во постапката – информираат од Обвинителството.

Градоначалникот на Кочани денеска поднесе неотповиклива оставка од функцијата.

Во моментот се врши распит и на други лица за случајот со пожарот во дискотеката во Кочани во кој загинаа 59 лица.

На распит во Основниот суд во Кочани донесени се и поранешниот министер за економија Крешник Бектеши и поранешниот директор на Пазарниот инспекторат Горан Трајковск