Нега и убавина
Надуеноста е чест проблем кај жените, а ако сте една од нив, ви откриваме трикови што ќе ви помогнат да се чувствувате удобно и убаво. Голем број жени се склони кон надуеност, а главниот проблем во тие моменти е нивната гардероба, особено ако претстои некој важен настан. Ви носиме практични решенија за удобни комбинации што изгледаат женствено и модерно. Она што е важно при изборот на облека е таа да биде широка и да ви овозможи слободно да се движите. Добрата вест е дека постојат неколку трика со кои можете да блеснете во секоја пригода.
Квалитетна долна облека: Долната облека е основата на гардеробата на секоја жена. Се препорачува да инвестирате во квалитетна долна облека што е удобна и совршено прилега на вашето тело, без да создава набори.
Лабава облека: Панталони со еластичен струк, здолниште со висок струк или широки фустани се совршени опции за да избегнете притисок врз стомакот. Избегнувајте тесна облека бидејќи може да ја влоши непријатноста што ја чувствувате.
Материјал што дише: Природните материјали како памук, вискоза или лен ѝ овозможуваат на кожата да дише и помагаат да се чувствувате удобно. Избегнувајте синтетички материјали што ја задржуваат топлината и можат да ја зголемат надуеноста.
Висок струк: Панталоните и здолништата со висок струк го поддржуваат пределот на стомакот без притисок, а дополнително го истакнуваат струкот и создаваат ефект на издолжување на силуетата. Ако додадете пар чевли на платформа или штикли, ќе добиете класичен и софистициран стил.
Сите овие совети можат да ви помогнат да се чувствувате подобро и да ја избегнете непријатноста од надуеност. Но ако се чувствувате добро во тесна облека, носете ја! Носете сѐ во што се чувствувате удобно и што прави да се чувствувате добро.