Фото: Пиксабеј

Не сте задоволни со својот изглед, бидејќи при процесот на слабеење и дебелеење во круг, на вашата кожа се формирале стрии. Оваа приказна ги вклучува не само луѓето што слабеат туку и бремените жени. Не мора да значи дека тоа ќе им се случи на сите, но ако се случи, сега постои начин како да се ослободите од стриите. Се чини дека тие се појавуваат прекуноќ, а потоа остануваат засекогаш. Овие ситни црвеникави до виолетови светкави линии на стомакот, задникот, градите, рацете и нозете се меѓу најчестите промени на кожата. Пред сè се засегнати жените, но не само тие. Стрии може да се појават и кај мажи, но бидејќи жените имаат послабо сврзувачко ткиво, тие почесто се погодени од стрии на задникот, стомакот, колковите, надлактиците, нозете и градите.
За да се ослободите од нив, хранете се здраво и разновидно, со многу витамини и минерали. Тоа ја одржува кожата во форма. Пијте два-три литри вода дневно за да ја одржите вашата кожа оптимално хидрирана. Редовно нанесувајте на вашата кожа специјални лосиони за тело односно масла за тело и масажа. Спортот и движењето обезбедуваат добра циркулација и го зајакнуваат сврзувачкото ткиво. Масажите и контрастното туширање исто така можат да придонесат за зајакнување на сврзувачкото ткиво.
Исто така, две традиционални кинески билки имаат ефект врз корекција и спречување на видливи оштетувања на кожата. Тоа се млечниот трн, кој промовира подмладување и регенерација на кожата, и данг шен, кој ја зајакнува кожата, го зголемува производството на колаген и има ефект против стареење. Други состојки што може да помогнат се: готу кола (го забрзува заздравувањето на кожата), кокосовото масло (го намалува чешањето предизвикано од стриите), шеа-путерот (ја подобрува еластичноста на кожата), какао-путерот (обезбедува длабока хидратација).