Фото: ЦУК / Илустрација

Меѓу селата Моштица и Саса попладнево избувна пожар на тешко пристапен терен во близина на македонско-бугарската граница. Пожарот е видлив и од Македонска Каменица.

– На лице место сме, пожарот е на граничната линија со Република Бугарија меѓу селата Саса и Моштица. Во акцијата за гаснење учествуваме четири луѓе од Територијалната противпожарна единица од Македонска Каменица, двајца вработени од Шумското стопанство и двајца од Граничната полиција – информира Александар Јовановски, командира на ТППЕ Македонска Каменица.

Екипите, како што вели, ќе останат на терен за да имаат целосен увид во состојбата.

– Во пожарот е зафатена сува трева, а среќна околност е што во близина има снег. Да се надеваме дека пожарот ќе се стабилизира, односно нема да се прошири – додава Јовановски.