На денешната седница на Судскиот совет беше избран претседател на битолскиот Апелационен суд, како и претседатели на Основните судови во Гевгелија, Кавадарци и Кочани.
Со 13 гласа „за“, судијата Жаклина Доведен беше избрана за претседател на Апелационен суд – Битола.
Со 10 гласа „за“ и три „против“, судијата Маја Аврамова беше избрана за претседател на Основен суд – Гевгелија.
Тринаесет гласови „за“ доби единствениот кандидат за претседател на Основен суд – Кавардарци, Елизабета Петковска.
За претседател на Основен суд – Кочани имаше само еден кандидат, Спиро Борисов, откако другиот кандидат претходно се повлече. Тој беше избран со 12 гласа „за“, по констатација дека еден член недостасува во салата.
Членовите на Судски совет на седницата посочија дека сите пријавени кандидати се квалитетни судии, а во изборот одлучувале нијанси.
Седницата на Судски совет продолжува со избор на судии на Основен суд Битола, Основен суд Велес, Основен суд Гевгелија, Основен суд Гостивар, Основен граѓански суд Скопје, Основен кривичен суд Скопје, Основен суд Делчево, Основен суд Кавадарци, Основен суд Кичево, Основен суд Кочани, Основен суд Крива Паланка, Основен суд Куманово, Основен суд Охрид, Основен суд Прилеп, Основен суд Свети Николе, Основен суд Струга, Основен суд Струмица, Основен суд Тетово и Основен суд Штип.
На дневен ред е и донесување на Одлуки за определување на в.д.претседатели на Врховен суд на Република Северна Македонија и на Основен суд Охрид, донесување на Одлука за избор на судија поротник на Основен кривичен суд Скопје, како и донесување на одлука по поднесено барање за утврдување на одговорност на судија/претседател на суд.