Македонскиот ФИДЕ-мајстор (ФМ) Антон Златков (2.321, рангиран 80.) ја забележа првата победа на Светското првенство (СП) во шах за јуниори (до 20 години) во Петровац (Црна Гора). Toj во третото коло со црни фигури го совлада Русинот Мирослав Батурин-Виноградов (1.993, рангиран 129.). Другите двајца македонски претставници ги загубија своите партии. Мајкл Бурнс (1.983, рангиран 132.) со црни фигури од индискиот ФМ Арјун Адиреду (2.315, рангиран 81.), додека во женска конкуренција Инџи Ајрадиноска (1.767, рангирана 93.) исто така со црни фигури од ЖФМ од Узбекистан, Барчиној Шокирјонова (2.061, рангирана 51.).
По три одиграни кола од предвидените 11, Златков во конкуренција на 157 шахисти од 58 држави (12 ВМ, 37 ИМ, 44 ФМ), е 128. со еден поен, а Бурнс е 135-ти со половина поен. Во женска конкуренција помеѓу 98 учеснички од 49 држави (седум ЖВМ, 24 ИМ, 13 ЖИМ, две ЖФМ и 33 ЖФМ), Ајрадиноска засега е 93-та со еден освоен поен.Кај момчињата во водство се првиот фаворит, ВМ од Индија, Пранов (2.615), ИМ од Полска, Јакуб Семан (2.494, рангиран 14.) и Кинезот Јихан Менг (2.412, рангиран 43.) сите со по максимални три поени, а кај девојчињата ЖФМ од Русија Ана Журова (2.307, рангирана 12.) и ЖИМ од Азербејџан Ајан Алахвердијева (2.284, рангирана 14.) и двете со по три победи. Г.И.