Денеска, од 12 часот, во НУБ „Григор Прличев“ во Охрид ќе биде промовирана стихозбирката „Насолзено цвеќе“ од м-р Љубен Цветкоски. Тоа се стихови преку кои авторот – таткото, познат ликовен акварелист од Охрид, му ги посветува на својот прерано починат син Алкесандар. Тие се обид да се залечи раната, да се опеат чедото, семејните релации и неизмерната љубов кон него.
Стихозбирката е во издание на НУБ „Григор Прличев“ од Охрид. Промотор ќе биде м-р Милчо Јованоски, кој е и уредник на изданието, а ќе биде прочитана и рецензијата на познатиот македонски писател и поет Ефтим Клетников.
– Љубен Цветкоски и искуствено и интуитивно го знае тоа. Неговите песни не се испразнети од таа суштина и се остварени како искрен и таговен исповедник и дневник на душата и срцето, што го чувствуваат и вреднуваат сеизмографски во стих за да трае секој атом од неопфатниот живот – се наведува во најавата.
Стихови ќе читаат ученици од СОСУ „Св. Кирил и Методиј“ од Охрид.