Полициските сили на Тајланд и Камбоџа ослободија 215 странски државјани од зграда во пограничниот град Попет, кои ги држеле трговци со луѓе, соопшти денеска претставник на тајландската полиција.
Стотици илјади луѓе во Југоисточна Азија се жртви на трговци со луѓе кои ги принудуваат да работат во центри за кибер измами и нелегални онлајн активности, покажуваат податоци на ОН.
Според извештајот на ОН од 2023 година, овие видови операции генерираат милијарди долари годишно.